Пијанистот Симон Трпчески прослави шестгодишен јубилеј од Светската премиера на Македонисимо во Германија, во градот Лудвигсбург и 16-години соработка со „КултурОп“.
„За многу децении да е Македонисимо. Шестгодишен јубилеј од Светската премиера на Македонисимо во Лудвигсбург и 16-години успешна соработка со КултурОп. Да се множат“, рече Трпчески по настапот.
Македонисимо е спој од неверојатни ритми и прогонувачки мелодии на македонската народна музичка традиција со високо виртуозни рифови и хармонии под влијание на џезот, а овој уникатен звук му е посветен на народот, прикажувајќи ја моќта на традиционалната музика, нејзиното влијание и спомените што ги носи со себе.
Таа традиција е знак на заедништво, која преку Македонисимо на посебен начин се пренесува и на новите генерации.
За потсетување, Трпчески месецов одржа концерт во Дојран, а претходно светска премиера имаше во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија.