Во лето освежува, а во зима се служи топло, забаионе или забаглионе загрева како прегратка. Според некои теории, забаионе е создаден во старите времиња на Сицилија, додека други тврдат дека пореално сценарио го вклучува монахот Сан Пасквал од Торино, кој во 16 век го пропишал опојниот крем како рецепт против замор кога жените се жалеле за безволни сопрузи.
Состојки:
– 3 жолчки
– 3 лажички шеќер
– вино по избор: марсала, мускат или порто
Подготовка:
Одделете ги жолчките и ставете ги во сад во кој можете да ги сварите на пареа. Зачувајте ги лушпите од јајцата бидејќи ќе ви бидат потребни за да ја измерите количината на вино за рецептот.
Во половината од скршената лушпа истурете го виното до половина и додадете го во жолчките. Додадете шеќер. Изматете ги состојките добро да се соединат и потоа ставете ги на пареа.
Загрејте ја жолчката постепено за да не загори. Нежно мешајте на пареа додека не добиете густ и мазен крем. Ќе ви требаат пет до 10 минути.
Доколку сакате да го послужите кремот ладен, садот со забајоне ставете го во поголем сад, наполнете го со мраз и ладна вода и мешајте додека не се излади. Украсете со овошје по желба.