„Сквид гејм“ го тргна „Бриџертон“ од првото место на „Нетфликс“

„Сквид гејм“ го тргна „Бриџертон“ од првото место на „Нетфликс“

пред 3 години

Јужнокорејската драма „Сквид гејм“ го симна „Бриџертот“ од првото место на Нетфликс, откако во првите 28 дена серијата ја гледале 111 милиони корисници. Тоа е скоро 30 милиони повеќе од „Бриџертон“ кој во првиот месец од премиерата го погледнаа 82 милиона корисници.

Потпретседателот на „Нетфликс“ за содржини во Кореја, Југоисточна Азија, Австралија и на Нов Зеланд изјави дека успехот на серијата го надминал нивните „најлуди соништа“.

Минјанг Ким за „Си-ен-ен“ рече: „Кога почнавме да инвестираме во корејски серии и филмови во 2015 година, знаевме дека сакаме да создадеме приказни од светска класа за фановите на к-содржина во делови на Азија и во светот. Денес, ‘Сквид гејм’ се проби преку нашите најлуди соништа“.

Серијата од девет епизоди, која дебитираше во септември, ја раскажува приказната за група натпреварувачи што учествуваат во серија детски игри. За победникот има награда од 28 милиони фунти, што звучи многу лошо додека натпреварувачот не сфати дека ако изгуби ќе го убијат.

Share
Scroll to Top