Скопјанката Тијана Петреска е најфотогенична студентка во светот

Скопјанката Тијана Петреска е најфотогенична студентка во светот

пред 2 години

На светскиот избор за најубава студентка, кој се одржа во Сеул, Јужна Кореја, Тијана Петреска (22) од Скопје, ја освои титулата Мис на фотогеничност. Таа беше избрана за најфотогенична од сите 70 девојки од исто толку држави од целиот свет, кој учествуваа на изборот. Победничка, односно Мис студентка на светот е претставничката на Костарика, првата придружничка е од Канада, а втората придружничка од Нов Зеланд.

Скопскнката Тијана е членка на Модното студио Црнокрак, кое од оваа година ја поседува лиценцата за сите држави од бивша Југославија за овој голем светски избор за убавина, кој се одржа по 31-ви пат, во хотелот Swiss Grand во главниот град на Јужна Кореја, Сеул.

 

Share
Scroll to Top