Славен Билиќ по отказот од Вест Бромвич, се сели во Кина

Славен Билиќ по отказот од Вест Бромвич, се сели во Кина

пред 3 години

Поранешниот селектор на Хрватска, Славен Билиќ, ќе биде нов тренер на поранешниот кинески шампион Пекинг Гуан. Тој новата работа ја најде три недели откако доби отказ од англискиот Вест Бромвич Албион заради лошите резултати во Премиер лигата.

Хрватскиот стратег потпиша договор до 2022 година со еден од најсилните клубови во Кина и доаѓа на местото на Бруно Женесио.

Тренерската кариера Билиќ ја почна во Хајдук, а продолжи како селектор на Хрватска од 2006 до 2012 година. Потоа се пресели во Москва како тренер на Локомотив. Беше тренер и на Бешикташ, Вест Хем и на прволигашот од Саудиска Арабија, Ал Итихад.

Share
Scroll to Top