Сладолед торта со чоколадо и бисквити

Сладолед торта со чоколадо и бисквити

пред 2 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

150 грама чоколадни бисквити
50 грама путер/маргарин
100 грама темно чоколадо
500 грама шлаг крем
екстракт од ванила
200 грама кондензирано млеко
2 лажици какао

Начин на подготовка:

Сомелете ги бисквитите и префрлете ги во подлабок сад. Додадете 50 грама стопен путер и 1 лажица шлаг крем. Добро измешајте ги состојките. Смесата префрлете ја во калап со дијаметар од 18 сантиметри. Во друг сад стопете 100 грама чоколадо заедно со 100 грама шлаг крем. Измешајте 400 грама шлаг крем со екстракт од ванила и додадете 200 грама кондензирано млеко. Одделете половина од добиената смеса и додадете 2 лажици какао. Наизменично нанесете од темниот и белиот крем врз калапот. На крајот, тортата премачкајте ја со чоколадо и ставете ја да отстои во замрзнувач неколку часа.

Share
Scroll to Top