Слика насликана од Черчил продадена за над 8 милиони евра

Слика насликана од Черчил продадена за над 8 милиони евра

пред 4 години

Најпознатата слика на платно насликана од поранешниот британски премиер Винстон Черчил е продадена на аукција во Лондон за седум милиони фунти (8,1 милиони евра), објави аукциската куќа Кристи.

Делото „Кулата на џамијата Кутубија“ (1943), кое Черчил го насликал за време на неговата посета на Мароко за време на Втората светска војна, се проценувало помеѓу 1,7 и 2,8 милиони евра пред продажбата.

Маслото на платно, што го понуди американската актерка Анџелина Џоли на продажба, се смета за „најважната слика на Винстон Черчил“, соопшти аукциската куќа.

Черчил му ја претставил сликата на тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт. Сликата потоа била продадена во 1950-тите од еден од синовите на Рузвелт и оттогаш сменила неколку сопственици. Делото е дел од колекцијата на холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит од 2011 година.

Друга слика на Черчил беше продадена на аукција. Тоа е пределот на Маракеш, кој беше продаден за 1,55 милиони фунти (1,8 милиони евра).

Share
Scroll to Top