(Видео) Новак Ѓоковиќ ги изгуби нервите и полуфиналето на турнирот во Рим

(Видео) Новак Ѓоковиќ ги изгуби нервите и полуфиналето на турнирот во Рим

пред 12 месеци

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерсот во Рим откако загуби во четвртфиналето од Холгер Руне. Руне го победи со 6:2, 4:6, 6:2 и во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Аргентинецот Франциско Черундоло.

Ѓоковиќ во текот на мечот покажуваше нервоза, се расправаше со својот тренер Иванишевиќ, а потоа се пожали на условите за игра.

„Условите за игра беа ужасни. Многу е бавна подлогата. Ова е веројатно најладниот и најврнежлив ден во Рим на којшто сум играл. Многу дожд и мека подлога. Руне е брз, динамичен, искрено беше подобар. Лошо го отворив третиот сет и тука мечот се прекрши, заслужена победа на Руне“, рече Ѓоковиќ.

 

На моменти им викаше и на членовите во неговиот тим.

Share
Scroll to Top