Слобода Миќаловиќ е прогласена за најубава природна актерка во светот

Слобода Миќаловиќ е прогласена за најубава природна актерка во светот

пред 3 години

Американскиот портал „Beautiful Women Pedia“ ја прогласи српската актерка Слобода Миќаловиќ за најубава природна актерка во светот. На списокот со најубави природни актерки на порталот, српските жени заземаа позиции и порано.  Некои од познатите личности кои беа на нивните списоци се Наташа Беквалац, Билјана Типсаревиќ, Ана Кокиќ, Софија Милошевиќ и многу други.

Убавата Слобода привлекува големо внимание, па дури и Моника Белучи и коментираше на една од нејзините фотографии.

За жените од овие простори, американците секогаш изјавувале дека „добиле генетски џекпот“, како и дека мажите во нив „лесно можат да се заљубат и неколку пати на ден“. Понатаму е наведено дека „зборот здодевна не постои во нивниот речник, тие се мистериозни, имаат полни усни и се многу згодни без оглед на возраста“.

 

Share
Scroll to Top