Изминатиов перид сите зборуваат за тоа какви обетки и ѓердани се во мода. Но, што е со нараквиците? Иако исчезнаа од модната сцена на некое време, сепак тие се враќаат на модната сцена токму сега.
Слоевитите нараквици беа огромен тренд во 2010 година, кога речиси беше задолжително да се „натрупуваат“ нараквици на зглобовите, во комбинација со рачен часовник. Сега, речиси една деценија подоцна, овој тренд се враќа во мода. Ви ги пренесуваме нашите омилени идеи.
Двојни нараквици
Ако не сте љубител на премногу накит околу вашата рака, секогаш можете да изберете само две нараквици.
Необични комбинации
Иако можеби ќе бидете во искушение да комбинирате злато со злато или сребро со сребро, факт е дека тоа не е ни многу важно. Можете да измешате различни видови метали и да си играте со стилови.
Колку повеќе, толку подобро
Колку повеќе алки редите на зглобот, толку позабавен и потренди ќе изгледа вашиот целосен изглед.
А што е со другиот зглоб?
Не ставајте нараквици само на еден зглоб. Случајниот микс ќе изгледа поразиграно и ќе даде личен печат на целокупниот изглед.
Зачинете го изгледот
Додадете малку сјај во специјални прилики. Со комбинација на нараквици, прилагодете ги и слоевитите ѓердани.
Додадете боја
Шарените бисери се вратија во мода, особено за летната сезона. Не плашете се да го обоите вашиот изглед!