Според Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот, сметката во банка не е најголемата мерка за успехот на еден човек. Неговото нето богатство е проценето на повеќе од 116 милијарди долари, но и покрај многуте пари кои ги има, Бафет не смета дека тие го прават подобар човек.
„Главно, кога ќе бидете на мои години, својот реален успех во животот ќе го мерите по тоа колку тие луѓе кои сакаш да ги сакаш, навистина ги сакаш“, рече Бафет на една негова презентација на Универзитетот во Џорџија уште во 2001 година, кога студентите го прашале за неговиот успех.
„Познавам многу луѓе кои имаат многу пари, одат на гала вечери и болниците добиваат имиња по нив, а вистината е дека никој на светот не ги сака. Тоа е ултимативен тест кој покажува како сте го живееле вашиот живот“, рече Бафет.
Извршниот директор на „Berkshire Hathaway“ е милијардер кој вели дека самиот го заработил своето богатство, а и натаму зборува за корелацијата меѓу љубовта и парите.
„Проблемот со љубовта е тоа што таа не е на продажба, не можете со пари да го купите целиот свет. Единствениот начин да добиете љубов е да бидете сакани. Тоа може да иритира доколку имате многу пари, а чувствувате празнина. Можеби мислите дека би можеле да напишете чек и дека со тоа ќе купите љубов вредна милион долари. Но, тоа не функционира на тој начин“, рече Бафет.
„Колку повеќе давате љубов, толку повеќе ќе добиете“, им порачал милијардерот на студентите.