Смирете ги изгорениците од сонце на природен начин

Смирете ги изгорениците од сонце на природен начин

пред 3 години

Доколку претерате со сончање, тоа може да ви преседне. Но, постојат начини кои ја намалуваат непријатноста и болка предизвикана од изгорениците од сонце.

Иако не постојат многу луѓе кои не сакаат да почувствуваат сонце на кожата, престојот на сонце и тоа како има негативни последици. Изгорениците се многу болни и нè спречуваат од извршување основни активности, од мобилност, преку туширање, носење облека до спиење.

Најдобар начин да ги спречите изгорениците од сонце е да избегнувате сончање во најтоплиот период од денот и да нанесувате крема со заштитен фактор. Исто така, доколку имате чувствителна кожа, бирајте сенка и носете адекватна облека.

Доколку, пак, дојде до изгореници, природата може да ви помогне.

Како да ги смирите изгорениците од сонце

Алое вера

Гелот од оваа билка го смирува црвенилото и болката и го лади изгореното место. Покрај гелот, постојат и препарати со распрскувач кој може да ви помогне кога изгорениците се болни на допир.

Кокосово масло

Мастите од ова масло штитат и ја омекнуваат кожата опфатена со изгореници. Засегнатото место измијте го со ладна вода, а потоа со пешкир истапкајте го вишокот течности. Потоа нанесете кокосово масло која кожата постепено ќе го впие.

Овесна каша

Одговорот на ова прашање како да ја смирите иритацијата на болното место. Направете паста од овесна каша, мед и млеко и нанесете ја изгореницата. Оставете да отстои сè додека не се стврдне, а потоа измијте со ладна вода.

Домат

Тој ја смирува иритацијата и болката. Нанесете кришки на болното место или додадете неколку домати во процесор. Со таа паста намачкајте ја изгореницата и оставете да отстои сè додека не се стврдне, а потоа измијте со ладна вода.

Сода бикарбона

Таа исто така ја смирува болката од изгорениците од сонце. Направете паста од соба и млака вода и нанесете ја на болното место. Можете да ја додадете и во када при капење.

Хидратација

Кожата опфатена со изгореници е сува, затегнува и пече. Затоа е важно да пиете доволно течности и да консумирате богати води како лубеница, краставица, грозје и портокал. Поентата е добро да се хидрирате, затоа што така кожата ќе добие на неопходна течност.

Share
Scroll to Top