Совети како да откриете дали на автомобилите им е вратена километражата

Совети како да откриете дали на автомобилите им е вратена километражата

пред 4 години

Уредникот и водител на емисијата SAT, Младен Алвировиќ откри како можете да дознаете дали на автомобилите кои сакате да ги купите, сопственикот претходно им ја вратил километражата.

Алвировиќ ги откри триковите што ги користат оние кои сакаат да ги измамат купувачите на половни автомобили. Рече дека се консултирал и со адвокат за да дознае дали враќањето на километражата е кривично дело и дали по закон сторителот е одговорен за тоа.

Алвировиќ вели дека адвокатот му кажал дека одговорноста за ова кривично дело ја сноси сопственикот на автомобилот и оној кој ја вратил километражата. Доколку се утврди дека километражата е вратена, купецот може да го поништи купопродажниот договор и да бара да му бидат вратени парите.

Проценителот на автомобили Милан Каран им даде на гледачите корисни совети како самите да проверат дали постои можност на автомобилите кои ги купиле им е вратена километражата. Објасни дека мора да се обрне внимание на состојбата на воланот.

„Она што луѓето мораат да гледаат е состојбата на возилата. Да видат дали се во согласност со километражата. Може да се погледне и внатрешноста, ентериерот и деловите кои се трошат при секојдневно возење. На пример, можете да го погледнете обрачот на воланот. Ако возилото поминало над 50.000 километри, не е вообичаено да се носи. Исто така ако возилото поминало над 120.000 километри, не е вообичаено обрачот на воланот биде како нов. Ако обрачот на воланот е нов, а пишува дека автомобилот поминал повеќе од 120.000 километри, тогаш нешто не е во ред и треба да се истражи. Истото важи и за другите делови кои се во секојдневна употреба. Рачката на менувачот, педалите, делот под патосниците, седиштата, како и прекинувачите кои исто така се користат секој ден. Најдобро би било автомобилот да има електронска сервисна книшка од овластен сервисер. Тоа може да се утврди и со хартиени сервисни книшки, но, тие лесно се фалсификуваат, па со самото тоа не ја претставуваат вистинската состојба на возилото“, рече Карен.

Многу продавачи на половни автомобили исто така се соочуваат со овој проблем, па интересно е да се слушне како тие се снаоѓаат во вакви ситуации. Еден од соговорниците на Алвировиќ, продавач на половни автомобили, рече дека тие купуваат автомобили од лизинг компании, кои им даваат ревизорски извештај за секој автомобил во кој пишува колку километри автомобилот поминува и на основа на тоа купците гарантираат дека километражата не е вратена.

Барајте уверение за исправноста, вели Жељко Регод од ревијата SAT.

„Најдобар совет е да побарате од продавачот уверение за исправноста од Агенцијата за безбедност на сообраќај. Сите автомобили кои се увезени во Србија по 15 април 2014 година, мораат да имаат такво уверение. Во него пишува колку километри поминал автомобилот во моментот кога влегол во земјата“, рече Регод.

Во емисијата зборуваше и човек кој не сакаше да го открие идентитетот, а кој се занимава со местење на километражи. Тој објасни дека најтешко е да се утврди дали е помината километражата со мерцедесите.

„Преку специјални приклучоци пристапувам од мојот до централниот компјутер и ги менувам податоците за километражата на сите места на кои се запишани. Ги менувам на моторниот компјутер, на командната табла, ABS и така натаму. Кога ќе пристапам, можам за неколку минути да напишам друга километаржа. Тоа е едноставна компјутерска операција. Морам да пристапам на секој модел посебно и на него да ја променам километражата. Секој модел е посебен, но комуницира со моторниот компјутер. Ако податоците се наоѓаат на повеќе места, треба повеќе време за да се променат. За некој кој знае што работи, тоа не е тешко. Да речеме најлесно е да се промени километражата кај „Фолксваген“ и автомобилите на „Фиат“, а најтешко кај „БМВ“ и „Мерцедес“, затоа што податоците се чуваат на повеќе места, па е потребно повеќе време за секаде се сменат. Најтешко е да се променат во моторниот компјутер, а оваа работа е лесна. Кај некои модели на автомобилот, податоците се чуваат во клучот, а тој ги влече од моторниот компјутер, така што со тоа не мора посебно да се занимаваме. Не постојат повеќе автомобили на кои километражата не може да се врати“, рече соговорникот.

 

Share
Scroll to Top