Летото стига, а со него и незадолжителните и практични фризури. Еве една која ќе ја обожавате.
Пунџите се фризури кои никогаш не излегуваат од мода, а последниве години се многу актуелни. Се носат високи, ниски, „уредни“, незадолжителни и „бушави“, буквално сите видови на оваа фризура се во тренд.
Покрај тоа што убаво и елегантно изгледа, пунџата е доста практична фризура, особено за врелите летни денови, затоа што со неа во исто време ќе изгледате елегантно и ќе имате средена коса, а ќе ја избегнете и жештината.
Ние денес ви претставуваме една пунџа која го освои Интернетот, таканаречена „паунова пунџа“, која прекрасно изгледа, а се прави суперлесно и брзо, па е одлична опција за утринското брзинско спремање, но и за дневните и вечерните излегувања
Сè што ви е потребно се едно ластиче за коса и марама по ваш избор.
Погледнете го туторијалот: