Сопругот на Тања Савиќ пак ја обвини пејачката дека ги малтретира синовите

Сопругот на Тања Савиќ пак ја обвини пејачката дека ги малтретира синовите

пред 3 години

Сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ, повторно ја обвини пејачката дека физички ги малтретира синовите Максим и Ѓорѓе. Тој за ало.рс вели дека откако со децата се вратила во Србија, таа веќе не му дозволува да се слуша со нив.

„Сега ми се јавија децата, ме разбудија бидејќи овде е четири часот наутро. Многу сум вознемирен. Тања не е дома. Ги чува нејзината сестра. Го пронашле телефонот кој им го земала. На кратко успеав да ги слушнам. Ми се јавија преку Вибер, но врската се прекина. Тања го удрила Ѓорѓе по лицето и му ја расекла устата. Ѓоле ми покажа, но не успеав да фотографирам. Двајцата плачат, се затворија во соба“, тврди Душан во пораките што ги испратил до ало.рс

Тања демантира дека тоа што го кажува Душан е точно. Вели, воопшто не е изненадена од однесувањето на сопругот бидејќи тој со години се труди да ја претстави како лоша мајка.

„Немам коментар, што и да кажам тоа ќе биде шпанска серија. Нема во иднина веќе ништо да  демантирам зашто тоа изгледа како да се правдам. Од друга страна колку повеќе негирам, еден дел од публиката ќе помисли дека тој е во право. Душан бара популарност, па за да дојде до тоа не бира средства. Јас нема да учествувам во тоа, а нема да допуштам децата да учествуваат“, вели Тања.

За потсетување, Савиќ пред неколку месеци го врати старателството над децата, откако сопругот без нејзино знаење ги зеде и замина во Австралија. Таа повеќе од една година беше одвоена од синовите.

Share
Scroll to Top