Сораја ја исфрлиле од скопска кафана, глумела ѕвезда и не сакала да ја плати сметката

Сораја ја исфрлиле од скопска кафана, глумела ѕвезда и не сакала да ја плати сметката

пред 3 години

Српската стралета Сораја Вучелиќ и нејзиниот нов дечко наводно биле исфрлени од кафуле во Скопје, минатиот петок.

Сопственикот на објектот дошол до нивната маса да ги поздрави, но тоа не ѝ се допаднало на партнерот на Вучелиќ. Наводно, тој дрско и безобразно му наредил на сопственикот да се оддалечи од нивната маса, по што настанал хаос, пишуваат српските медиуми.

„Само што Сораја влезе во кафеаната со своето момче, веднаш го привлече вниманието на присутните гости. Со неа беше и еден постар господин, кој се муртеше цела вечер. Седнаа на слободна маса, а таа се преправаше дека е важна. Во еден момент, сопственикот на кафулето дојде да наздрави со старлетата и нејзиното момче, но тие го избркаа. Сите бевме зачудени од нивното однесување. Можеби тој беше љубоморен, а газдата сакаше само да им посака добредојде бидејќи првпат се во неговиот објект“, вели изворот.

„Сепак, не очекуваше да доживее непријатност. Кога виде со кого си има работа, се сврте и си замина, а набрзо дојде келнерот и им рече да излезат од кафулето, но и дека треба да си ја платат сметката. Беше доста непријатна. Со келнерот имаше и човек од обезбедувањето, кој ја следеше ситуацијата“, додава изворот.

Според него, Сораја првично одбила да даде пари за тоа што го испиле.

„Им рече да ја платат сметката и мирно да го напуштат кафулето. Тогаш Сораја полуде. Иронично се насмеа и му кажа на келнерот дека нема намера да ја плати сметката бидејќи е голема ѕвезда која никој никогаш не ја избркал од ресторан. Сепак, момчето од обезбедувањето ѝ кажа дека не му е грижа која е и дека треба да си ја плати сметка. Најпосле нејзиното момче ги извади парите, му ги даде на келнерот, а потоа излегоа од кафулето со придружба“, раскажа тој.

Тој додава дека присутните ѝ викале на Сораја: „Ајде излегувај, излегувај бре“, но таа не обрнувала внимание на тоа. Потоа ја облекла бундата и налутено го напуштила кафулето со своето момче. Тие влегле во неговиот џип БМВ Х6 и заминале во непознат правец.

Share
Scroll to Top