Софија Вергара (51) нема да ги носи високите потпетици и тесните фустани што ги носеше кога ја глумеше Глорија во „Модерно семејство“ во новата улога. Колумбиската актерка во претстојната серија на Нетфликс ќе ја толкува улогата на Гризелда Бланко, нејзина сонародничка и водач на опасен нарко картел.
Биографската серија „Гризелда“ ќе се снима по моделот на многу успешната „Наркос“ за Пабло Ескобар, а на стриминг платформата треба да пристигне на крајот на годината. Серијата беше најавена во 2021 година, а се снима под режисерската палка на Андрес Баиз, кој учествуваше во создавањето на „Наркос“. Приказна е напишана од Ингрид Ескаједа.
– Гризелда Бланко е проект за кој Софија е многу страствена и благодарна сме таа и нејзините партнери во LatinНе избравме таа да ја раскаже приказната. Софија е брилијантен талент и нејзината страст во комбинација со фантастичната приказна за Даг и Ингрид и неверојатниот режисер Андрес Баиз, значи дека ќе биде многу возбудлива серија – изјавил Ерик Њуман, еден од продуцентите на „Гризелда“.
Серијата е продуцирана од Grand Electric и Latin World Entertainment, која Софија ја основа со менаџерот Луис Балагуер.
– „Гризелда“ го прикажува реалниот живот на остроумната и амбициозна колумбиска бизнисменка Гризелда Бланко, која го создаде еден од најпрофитабилните картели во историјата. Мешавината на смртоносниот шарм и неочекуваната жестокост несомнено ѝ помогнаа вешто да жонглира со семејството и работата, што доведе до тоа таа да стане широко позната како „Црна вдовица“ – стои во описот на Нетфликс за серијата.
Освен што е „црната вдовица“, Гризелда е позната и како „кумата на кокаинот“ и стои рамо до рамо со озлогласените Ескобар, Ал Капоне и Ел Чапо. Исто како и Ескобар, таа порасна во Меделин, каде што беше опкружена со криминал уште од рана возраст. Учествувала во шверц на дрога од Колумбија во САД, каде што била уапсена во 1985 година и обвинета, меѓу другото и за убиство. Во 2004 година, таа беше ослободена од затвор и депортирана во Колумбија. Таму живеела мирно додека не била убиена во 2012 година.
Заедно со Софија, главните улоги ќе ги толкуваат најмногу колумбиски актери.