Со елеганција и доза сексапил, Сара Мејс имаше магична ноќ во Филхармонија

Со елеганција и доза сексапил, Сара Мејс имаше магична ноќ во Филхармонија

пред 3 години

Харфистката и пејачка Сара Мејс вчеравечер имаше несекојдневниот концерт, кога во една ноќ ги спои традицијата, класиката и џезот. „Нова Година – нов почеток!“ беше насловот на новогодишниот концерт кој се одржа во Филхармонија.

„Вчера беше магично“, вели Сара која настапи во црвен фустан, со кој елеганцијата ја нагласи со доза на сексипил.

На концертот диригираше Џијан Емин. Како солисти освен Сара Мејс настапија и Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

Новата сезона на Филхармонија 2020-2021, која симболично е насловена „Звук на два метри“ започна на 3 септември, а до крајот на месецов беа реализирани 16 концерти . Филхармонија беше прва културна институција која воведе специјални протоколи за  концерти во посебни услови кои ги налага пандемијата на Ковид-19.

 

Share
Scroll to Top