Зорица Заева, сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев, викендов беше на забава во Струмица со ќерката Александра и ексминистерот за здравство, Венко Филипче. Видно ослабена, во црн корсет со гол стомак и бели панталони, таа го привлече вниманието со изгледот, па доби пофалби дека никогаш не изгледала подобро. Слики од забавата на инстаграм-сторис објави Филипче, но и инфлуенсерката Љупка Митрова, која важи за добра пријателка на семејството Заеви. Журката се одржа во познат локал во Струмица, а меѓу гостите беше и стилистот и долгогодишен соработник на Зорица, Драган Гоцев.