Со лажни документи ја принудиле да зборува: Покрената истрага за контроверзното интревју на принцезата Дијана

Со лажни документи ја принудиле да зборува: Покрената истрага за контроверзното интревју на принцезата Дијана

пред 4 години

Во Би-би-си моментално се спроведува голема истрага поради интервјуто кое починатата принцеза Дијана пред 25 години му го дала на водителот Мартин Башир (57).

Тој успеал да ја наговори принцезата во интервјуто да зборува за својот брак со принцот Чарлс и таа тогаш за првпат ја раскажала својата страна од приказната за нивниот брак.

Сега се дозна дека Башир наводно лажел и се послужил со некои измами за да ја наговори принцезата Дијана на контроверзното интервју. Имено, водителот ѝ покажал документи на принцезата кои наводно потврдиле дека некои членови на персоналот на кралското семејство им продавале информации на медиумите и имал докази во форма на банкарски сметки од тие лица кои докажувале дека добиле прилично голема сума за продажба на информациите.

Принцезата Дијана се согласила да даде интервју и го потресе кралското семејство, а особено кралицата Елизабета Втора која по нејзините изјави за односот на принцот Чарлс и Камила Паркер, барала од Дијана и Чарлс и официјално да ги предадат документите за развод.

Би-би-си покрена истрага против Башир и графичкиот дизајнер Мет Вислер кој по барање на вотителот направил лажни банкарски изводи кои ѝ биле покажани на принцезата во интервјуто.

Првата истрага била отпочната набрзо по објавата на интервјуто и тогаш целата вина му била препишана на Вислер, но тој изјавил дека немал поим дека тие документи водителот ќе ги користи во интервјуто.

Сега повторно е отпочната истрага која се обидува да утврди што точно се случило, но резултатот од истрагата не се знае кога ќе заврши, бидејќи Башир е  во болница поради проблеми со срцето. Му беа вградени четири бајпаса, а неговото закрепнување е отежнато бидејќи е заразен со коронавирус.

Принцезата Дијана подоцна се покајала  ова интервју бидејќи нејзиниот однос со принцот Вилијам станал ужасен. Вилијам имал проблеми на училиште. Неговите соученици му се потсмевале и тој ѝ бил многу лут на својата мајка.

Братот на Дијана, лорд Чарлс Спенсер ја поттикна приказната околу скандалот на Би-би-си односно на нивниот водител.

Share
Scroll to Top