Голи забави со стриптизети и разуздан живот: Испливаа детали за Бил Гејтс

пред 3 години

Новинарот Џејмс Валас напиша две книги за милијардерот Бил Гејтс во кои тврди дека основачот на Мајкрософт водел разуздан младешки живот.

Во интервју за Дејли Меил, Валас открива дека Гејтс дека организирал голи забави со стриптизети во своите младешки денови.

„Тогаш во „Мајкрософт“ работеа млади мажи кои не ги соблекуваа маиците замачкани со пица два-три дена додека развиваа софтвер. Организираа прилично луди забави, одеа по клубови и бараа стриптизети, кои ги носеа во домот на Бил. Тогаш не беше невин или некако нервозен. Имаше живот”, вели Валас.

Во другата книга за Гејтс, објавена во 1997 година, Валас дава подетални описи на наводните голи забави на имотот Лорелхорст на Гејтс во државата Вашингтон.

Националните медиуми, според Валас, сакале да дозволат непречен проток на вести за технологијата и деловните потези на Гејтс и затоа не известувале за неговите забави. Исто така, тој вели дека Гејтс се гледал и со други жени, иако се забавувал со Мелинда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

„Иако Гејтс почна да излегува со Мелинда Френч во 1988 година, сепак флертуваше со жени некој период, особено за време на службените патувања. Редовно ги заведуваше новинарките кои го следеа Мајкрософт. Неговата страст кон жени беше добропозната, иако малку се знае за тоа, бидејќи Гејтс и Мајкрософт беа неисцрпен извор на информации за добри стории во весниците, како Њујорк Тајмс, и никој не сакаше тоа да престане“, тврди Валас.

Гејтс наводно ја изневерил Мелинда во раната фаза од нивната врска. Во еден момент раскинале, но повторно се смириле во 1992 година, тврди новинарот, и тогаш нивната врска била посилна од порано.

Претприемачот Верн Рабурн потврдил дека Гејтс бил распуштен во неговите млади денови.

„Не е ништо посебно да се биде гол во базен. Постои разлика помеѓу пливање во базен со еден куп други луѓе и да се биде гол во базен со друга личност или да се биде во кревет со друга личност”, вели Рабун.

Според него, Гејтс ѝ бил верен на Мелинда по венчавката во 1994 година.

Share
Scroll to Top