Со пенал во последните минути Македонија освои бод против Грузија

Со пенал во последните минути Македонија освои бод против Грузија

пред 3 години

Репрезентацијата на Македонија во 93 минута ремизираше против Грузија во натпревар од квалификациите за Лигата на Нации. По првото полувреме резултатот беше 0:0, а на крајот македонскиот тим со голот од пенал на Алиоски избегна пораз на домашен терен.

Македонскиот тим од 68 минута играше со фудбалер помалку, откако голманот Столе Димитриевски по истрчување и лоша проценка, играше со рака надвор од шестнаесетникот и доби црвен картон. Предноста од играч повеќе Грузија ја искористи по неколку минути, кога поведоа со 0:1 со голот ма Кваратшкелија. Резултатот го израмни Езѓан Алиоски од пенал и ѝ донесе 1 бод на Македонија.

По ова реми, на табелата во групата Ц, Македонија го дели првото место со Грузија по шест освоени бодови, по што следи Ерменија со пет, а Естонија е последна со два освоени бода.

Фото: УЕФА

Share
Scroll to Top