Откако пред неколку дена малата Ангелина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје и прогласи крај на борбата со леукемијата, вечерва, соседите од булеварот АСНОМ во населбата Ново Лисиче ја пречекаа со факели и со огномет . Вистиснко добредојде дома.
На едно од игралиштата во населбата биле запалени факели, имало огномет, а децата од соседството и соучениците на Ангелина ја пречекале со песни и го скандирале нејзиното име.