Бебето е спасено откако било заробено под урнатините цели 53 часа
Едногодишно бебе е спасено откако 53 часа било под урнатините по земјотресот што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција, пренесува турската агенција Анадолија.
Припадниците на спасувачките екипи успеале да го извлечат бебето од под урнатините на зграда во градот Шанлиурфа. Бебето имало полесни повреди и било пренесено во болница.
Шанлиурфа е еден од десетте турски градови кои беа тешко погодени од два силни земјотреси.