Спилберг наполни 75 години – неговите филмови заработија 10 милијарди долари, а најважниот го работеше бесплатно

Спилберг наполни 75 години – неговите филмови заработија 10 милијарди долари, а најважниот го работеше бесплатно

пред 2 години

Најуспешниот режисер на сите времиња Стивен Спилберг наполни 75 години. „Кралот на забавната индустрија“, во текот на својата кариера долга 58 години, сними бројни филмови за диносауруси, вонземјани, дистопија и војни, а го осмисли ликот на еден од најпознатите авантуристи, Индијана Џонс. Неговите филмови заработија 10,1 милијарда.

За првпат дебитираше на филмската сцена со аматерскиот проект „Firelight“ на своја 17-годишна возраст, иако тој го смета краткиот филм „Amblin“ од 1968 за негово филмско дело, кое за него е толку знајачно, што по него ја именуваше и својата продукциска куќа.

Стилберг ги режираше едни од најпознатите блокбастери на сите времиња: „Ајкула“, „Блиски средби од трет вид“, серијалот „Индијана Џонс“, „И-Ти“, „Паркот Јура“, „Малцински извештај“, „Минхен“, „Авантурите на Тинтин“. А првиот мјузикл „Приказна од западната страна“ го сними на 75 години.

Има освоено три оскари, а најголем успех му донесе „Паркот Јура“, кој на светско ниво заработи над една милијарда долари. Иако „Шиндлеровата листа“ го смета за негово најзначајно дело, за кое одби да биде платен и сите приходи од него ги донираше во добротворни цели.

„Имаше траума насекаде и ние успеавме да ја доловиме таа траума. Не можете да го лажирате тоа“, кажа Спилберг.

Share
Scroll to Top