Срам ми е за тоа што го направив, вели Џибони по негативните реакции дека газел по храна

Срам ми е за тоа што го направив, вели Џибони по негативните реакции дека газел по храна

пред 3 години

Бурни реакции во јавноста по настапот на Џибони во еден во загрепки ресторан каде пејачот ја забавувал публиката па се качил на маса и газел по храна.

„Слушајте… негативните реакции се сосема оправдани. Да не бев таму и да видев на фотографиите дека некој го прави тоа, ќе реагирав како и сите други“, рекол пејачот а хрватскиот „24сата“ , по инцидентот на забавата во понеделникот вечерта.

Пејачот се качувал на масата со колачи и разни јадења и ордевери додека ја забавуваше публиката, па притоа случајно газел по храната.

Како што вели, не присуствувал на гала вечерата, туку чекал во бекстејџот да го повикаат на сцената.

„Таа вечера одамна заврши, кога се качив на масата не видов никаква торта. Никогаш не ми беше намерата да газам по тортата или по пршутата. Изгледа грдо и разбирливи ми се реакциите. Сè што пишуваат луѓето е оправдано. Можам само да кажам дека се извинувам и дека во ниту еден момент не ми беше намерата да газам по храната“, рекол Џибони.

Неговото однесување згрози различни критичари и корисници на социјалните мрежи, а Џибони вели дека пред него било мрак.

„Пред мене беше темно. Носам очила за сонце, кои ми прават проблем на концертите. Дури кога сфатив дека нешто ми се лизга, видов дека сум згазнал на торта. Никогаш не ми се случило вакво нешто, и тоа не го велам за да се оправдам. Не е убаво и нема што повеќе да се додаде. Тоа не ми беше намерата, но така се случи – се правдал Џибони.

Кога е концерт не се штедам, одам кај публиката и овој пат отидов, но не очекував дека таму ќе има храна и колачи. Луѓето веќе танцуваа, немав чувство дека тука нешто се јаде. Моите настапи се секогаш еуфорични. Никогаш не доаѓам само да направам настап, секогаш се „давам себеси“ – рекол Џибони за „24сата“.

Џибони раскажал дека отишол кај публиката по 35 минути свирка. Свирката продолжила и по тој инцидент.

– Тие фотографии се Бог да чува, што да ви кажам повеќе… Да видам некој од моите колеги како го прави тоа, би се фатил за глава и би рекол: „Овој е тотално луд“. Само што во овој случај тоа сум јас. Мое извинување до луѓето што го видоа, не ми беше тоа намерата – вели Џибони.

Џибони не можел да сокрие во гласот колку целата ситуација го погодила. Тој не нуди оправдување за своето однесување, туку извинување. Го погодиле негативни коментари, но не бега од одговорноста.

– Секако дека коментарите ме погодија. Не мораа ни да ги напишат, самиот знам дека згрешив – вели Џибони.

Не сакал да зборува за новите настапи и за најновата плоча.

„Верувајте ми, не ми е до ништо. Никогаш не сум имал ваков инцидент, така што немам поим што ќе се случи после ова – рекол Џибони, па повторно почнал да зборува за фотографиите.

– Нема оправдување, едноставно нема. Можам само да ги покријам ушите. Нема враќање назад. Што е тука е – вели Џибони.

Share
Scroll to Top