Србинка му позајми пари за такси на атлетичарот од Јамајка кој доцнеше на Олимпијадата, тој освои злато па ѝ го посвети медалот

Србинка му позајми пари за такси на атлетичарот од Јамајка кој доцнеше на Олимпијадата, тој освои злато па ѝ го посвети медалот

пред 3 години

Тијана Стојковиќ (25) од Србија, која беше една од волонтерките на Олимпијадата во Токио, му помогна на јамајканскиот атлетичар Хансл Пергамент да го освои златото на 110 метри со пречки, пренесуваат светските медиуми. Таа му позајмила пари за такси, откако се изгубил и му помогнала на време да стигне на стадионот и да трча во финалето.

Познатиот спортист се качил во погрешен автобус на денот на финалната трка и завршил во друг дел од Токио, далеку од стадионот на кој што требал да се натпреварува. Хансл помислил дека ќе ја пропушти најважната трка во животот и почнал да паничи. Тогаш му пришла Тијана, која му дала пари за такси, а тој стигнал на време за трката и го освоил златото.

По победата во една од најбрзите дисциплини на Олипијадата, Пергамент два дена ја барал Тијана меѓу волонтерите на Олимпијадата. Кога конечно ја пронашол, ѝ подарил маичка со знамето на Јамајка и јавно ѝ се заблагодарил за помошта.

„Тијана одигра клучна улога да го освојам златото. Сè се случи затоа што таа ми помогна“, рече 31-годишниот спортист од Јамајка и на социјалните мрежи објави и заедничка слика со неа.

Оваа објава потоа ја сподели и премиерот на Јанајка, Ендрју Холнес. Тој и официјално ја покани Тијана да биде гостин во нивната земја.

 

Share
Scroll to Top