Србија почна со вакцинирање, премиерката Брнабиќ прва ја прими вакцината за корона

Србија почна со вакцинирање, премиерката Брнабиќ прва ја прими вакцината за корона

пред 3 години

Србија почна со вакцинирање против короната, а премиерката Ана Брнабиќ прва ја прими вакцината на „Фејзер“. По неа се вакцинираа докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, актуелна министерка за труд и социјални работи, и епидемиологот Предраг Кон.

Во Србија пред два дена пристигнаа првите 4.875 дози од вакцината на „Фајзер“, а од Министерството за здравство најавија дека во јануари ќе добијат уште 21.000 доза. Претседателот Александар Вучиќ кажа дека одлучиле некои лица од врвот на власта први да ја примат вакцината за да покажат дека е добра и безбедна.

„Очекуваме наскоро да добиеме кинески и руски вакцини, а до крајот на март сигурно ќе ги имаме и вакцините на Оксфорд и ‘Модерна‘“, изјави Брнабиќ по вакцинирањето.

Вакцинацијата во Србија почна денес во геронтолошките центри во Белград и Нови Сад, а утре ќе почат да се вакцинираат и граѓаните во Ниш.

Share
Scroll to Top