Средношколци од Македонија освоија четри бронзени медали на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

Средношколци од Македонија освоија четри бронзени медали на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

пред 2 години

Четири бронзени медали освоја средношколци од Македонија на 19 -тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која се одржа од 2 до 12 декември се одржа во Богота, Колумбија, соопштија од Друштвото на физичари на Република Македонија.

На олимпијадата со бронзени медали се вратија Искра Нечаковска, ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола, Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во „Јахја Кемал“ – Скопје, Даниел Христов, ученик во прва година во „Славчо Стојменски“ – Штип и Михаил Шапчески, ученик во прва година во „Јахја Кемал“ – Скопје. На олимпијадата успешно се претставиле и учениците Марко Серафимовски од „Јахја Кемал“ – Скопје и Олег Трајковски од „Јосип Броз Тито“ – Битола.

„Друштвото на физичарите на Република Македонија, кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Покрај тоа, им благодарат на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје“, велат од Друштвото на физичари.

Share
Scroll to Top