Српскиот актер Радоје Чупиќ доживеа несреќа, откако пијан удри во бандера

Српскиот актер Радоје Чупиќ доживеа несреќа, откако пијан удри во бандера

пред 2 години

Српскиот глумецот Радоје Чупиќ, познат по улогата во „Убијците на мојот татко“, сношти доживеа несреќа, откако пијан удрил во бандера, без никакви повреди, пренесува српски „Курир“.

Несреќата се случила околу 20.45 часот кога глумецот одел од Бачки Петровец кон Куплина. Тој возел брзо при што ја загубил контролата над возилото и слетал од патот, по што удрил во бандера. Полицијата веднаш дошла на лице место, по што направил алкотест кој покажал 1.82 промили алкохол. Таа му одредила трезнење во период од 24 часа, по што ќе биде спроведен во Суд за прекршоци во Бачка Паланка.

Актерот во еден момент се пошегувал и на полицајците им рекол да го „причекаат да оди до дома по уште еден литар ракија која може да ја пие во притворот“, наведува соговоник на Курир.

Тој додава дека според скалата на пијанство, 1,8 промили алкохол во организмот спаѓа во многу тешко пијанство.

Радоје Чупиќ на публиката ѝ е познат по бројни улоги во познати серии како што се „Корени“, „Клан“, „Немањичи“, „Јужни ветaр“ итн.

Share
Scroll to Top