Српски дизајнер, чии креации носеше Лејди Гага, го смени полот

Српски дизајнер, чии креации носеше Лејди Гага, го смени полот

пред 2 години

Српскиот моден дизајнер Марко Митановски, го смени полот и сега е жена што се вика Миа. Тој за својата трансформација откри на Инстаграм, каде што објави неколку слики и ја сподели поемата „Феноменална жена“ од Маја Ангелу.

Марко пред неколку дена по долго време објави фотка на Инстаграм со порака „бу“, а потоа и сликите на кои се гледа дека направил операција за промена на полот.

Митановски цело време кариерата ја градеше надвор од Србија Тој доживеа светска слава пред десетина години, кога за неговите креации пишуваше британскиот „Вог“, а негов дизајн носеше и Лејди Гага. Во 2016 година тој имаше ревија и на Лондонската модна недела.

Share
Scroll to Top