Сталоне му понудил на Тајсон Фјури улога во новиот филм „Платеници“

Сталоне му понудил на Тајсон Фјури улога во новиот филм „Платеници“

пред 2 години

Силвестер Сталоне (75) му понудил на светскиот шампион во бокс, Тајсон Фјури, улога во новото продолжение на филмот „Платеници“, пишува британски „Сан“.

Ѕвездата познат како Роки и Рамбо бил импресиониран од Фјури познат и како Џипси Кинг, поради неговото нокаут во мечот против американскиот борец Дионтеј Вајлдер.

„Бинго. Тајсон, неверојатен си. Сериозно, тоа е борба на векот. Мислам дека ќе имаш фантастична филмска кариера. „Платеници“ е готова работа за тебе“, рече Сталоне.

Фјури минатата година се пошегува на сметка на Сталоне и рече дека глумецот го бара него, затоа што му треба некој негативец да игра во неговиот филм.

Share
Scroll to Top