Стивен Сигал снима документарен филм за војната во Донбас

Стивен Сигал снима документарен филм за војната во Донбас

пред 2 години

Американскиот актер, сценарист и режисер Стивен Сигал ќе снима документарен филм за самопрогласената Народната Република Доњецк, ова го соопштил лидерот Денис Пушилин на својот канал на Телеграм.

Тој објавил дека актерот пристигнал во посета на овој регион и планира да сними документарен филм кој според него ќе го промени погледот на војната во Укарина.

„Стивен Сигал снима документарен филм за војната во Донбас. Денеска разговараше со воените затвореници во истражниот затвор Јеленовка“, рече Пушилин.

Тој истакна дека американски филмски режисер рекол дека 98 отсто од луѓето кои зборуваат за конфликтот во Донбас во медиумите никогаш не биле во тој регион.

„Тој сака да го смени погледот кон оваа војна, што е тежок предизвик. Му посакувам успех и му благодарам што ја посети Републиката во овој многу неизвесен период“, рекол Пушилин.

Руските режимски медиуми јавуваат дека Сигал пристигнал во Донбас како специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи со САД.

Share
Scroll to Top