Стогодишен Бразилец влезе во Гинис откако 84 години работел во иста компанија

Стогодишен Бразилец влезе во Гинис откако 84 години работел во иста компанија

пред 2 години

Стогодишниот Валтер Ортман од Бразил влезе во Гинисова книга на рекорди како човек со најдолг работен стаж во едно претпријатие на светот. Валтер, кој живее во градот Бруске, поминал 84 години во текстилна компанија која денес се вика „РеноВју“.

„Во животот мора да го работите она што го сакате. Исто така, треба да сакате да работите. Јас почнав да работам со таква волја и борбен дух. Не можете да работите што било и да кажете дека работите. Тоа нема да го издржите“, вели Ортман за своето постигнување.

Според локалните медиуми, тој почнал да работи во производствениот дел во компанијата, продолжил во администрација за потоа да стане менаџер за продажба.

За да остане во форма, тој секојдневно прави вежби и внимава на исхраната.

„Избегнувам сол, шеќер и газирани сокови. Консумирам само работи кои се добри за мене и помагаат моето тело да остане силно“, рекол Ортман.

Share
Scroll to Top