Стоечки овации за маестро Симон Трпчески во Лондон каде со светскиот виолинист Максим Венгеров ја кренаа публиката на нозе

Стоечки овации за маестро Симон Трпчески во Лондон каде со светскиот виолинист Максим Венгеров ја кренаа публиката на нозе

пред 3 години

Македонскиот пијанист маестро Симон Трпчески, синоќа настапи во Лондон во салата Барбикан, каде заедно со еден од најголемите светски виолинисти, Максим Венгеров, ги свиреа делата на Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.

Ова беше еден од серијата концерти кои двајцата уметници ќе ги имаат во наредниот период низ светот. На 20 јануари тие ќе настапат во Карнеги Хол во Њујорк, а на 27-ми јануари и на големата сцена на Париската филхармонија.

 „Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам“, рече Трпчески.

Share
Scroll to Top