Капитенот на ракометниот клуб „Вардар“ и поранешен ракометар во репрезентацијата Столе Стоилов втор пат стана татко. Неговата сопруга Деница роди уште едно машко бебе.
Информацијата ја споделија од ракометниот клуб „Вардар“.
Инаку Стоилов првпат стана татко во 2020 година кога добија синот Бојан со неговата сопруга Деница.
Ракометарот Столе Стоилов во јули 2020 година се ожени со својата девојка Деница. Тие планираа голема свадба, но поради пандемијата со коронавирусот, свадбената веселба беше одложена. Столе и Деница направија само мала забава за најблиските и семејството. Двојката претходно склучи граѓански брак.
Столе и Деница пред да се земат беа во љубовна врска една година.