Стотици имитатори на познатиот Елвис Присли се собраа на фестивал во Австралија, кој слави 30 години постоење

Стотици имитатори на познатиот Елвис Присли се собраа на фестивал во Австралија, кој слави 30 години постоење

пред 2 години

Стотици имитатори на познатиот Елвис Присли се појавија на главната улица на австралискиот град Паркс, на која се слави 30-годишнината од настанот започнат во чест на американскиот пејач, а настанот оттогаш се претвори во еден од најголемите фестивали во земјава.

„Фантастично е. Замислете, фестивалот трае веќе 30 години, ние сме многу среќни“, изјавил Боб Стил, кој фестивалот го започна со сопругата Ана пред три децении.

Фестивалот во Паркс, 350 километри северозападно од Сиднеј, се одржува секоја година на почетокот на јануари, кога околу 24.000 посетители, обожаватели на Присли, се во градот со 14.000 жители.

Заедно со имитирањето на песните на Елвис, Паркс, кој е познат како главен град на Елвис во Австралија, е домаќин на уметнички и фото изложби посветени на пејачот, како и часови по рокенрол танц и квиз.

Имитатори на Елвис може да се видат на улиците во стари автомобили од ерата на Елвис.

 

Share
Scroll to Top