Сто педесет илјади луѓе дојдоа на скара и пиво во Прилеп

Сто педесет илјади луѓе дојдоа на скара и пиво во Прилеп

пред 2 години

Повеќе од 150.000 луѓе дојдоа на скара и пиво во Прилеп на традиционалниот фестивал Пиво фест. Во текот на четирите фестивалски вечери настапија музичари од Македонија, а организаторите велат дека годинашниот фестивал ги надминал нивните очекувања.

dobivaj vesti na viber

„Посебна благодарност до сите кои на свој начин придонесоа да имаме спектакуларно издание на ‘Пиво Фест 2022“. Рокот за организација ни беше само 27 дена, но и покрај сите опструкции со лажни вести и борбата за сензации кои не следеа пред фестивалот, докажавме дека за помалку од еден месец, може да се организира еден ваков масовен фестивал. Главна цел ни беше задоволна и среќна публика. Тоа што немавме ниту еден инцидент и тоа што секое утро градот беше чист и подготвен, како и големата посетеност, поддршката од публиката и медиумите, само покажа во каква атмосфера поминаа сите фестивалски денови“, велат организаторите кои најавија многу новитети и изненадувања за следното фестивалско издание.

Share
Scroll to Top