Судија во Премиер лигата добил закани по живот

Судија во Премиер лигата добил закани по живот

пред 3 години

Еден од познатите англиски судии Мајк Дин кој е меѓу оние со најдолг стаж во Премиер лигата, добивал закани по живот. Заканите стигнале пречестите црвени картони кои ги давал на мечевите.

Дин вели дека добил закани и по животот на неговото семејство, откако во вторникот му доделил црвен картон на стоперот на Саутемптон Јан Беднарек, а потоа и во саботата на играчот за врска на Вест Хем, Томаш Соучек. Двајцата беа исклучени, по видената снимка со вар технологија.

Многумина навивачи се револтирани од ваквите негови одлуки и прелесно давање на црвени картони. И одговорните лица во самата лига ги поништи суспензиите на играчите, сметајќи дека казните биле престроги.

Дин се пожалил дека по црвениот картон за Соучек, тој и неговото семејство биле малтретирани на социјалните мрежи. Тој побарал да биде поштеден и да не суди викендов.

Дин следната среда ќе суди на натпреварот од ФА Купот помеѓу Лестер и Брајтон, но нема да го гледаме на натпреварите од оваа недела во Премиер лигата.

Мајк Дин суди на највисок ранг во англискиот фудбал од 2000 година, а пред две години стана првиот судија што покажал 100 црвени картони во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top