Судот во Лос Анџелес го прогласи Харви Вајнштајн виновен за силување

Судот во Лос Анџелес го прогласи Харви Вајнштајн виновен за силување

пред 2 години





Судот и поротата во Лос Анцелес го прогласија Харви Вајнштајн за виновен за силување. Поранешниот холивудски продуцент беше ослободен од обвинението кое го поднесе друга жртва, а поротата не можеше да донесе пресуда и за уште две други обвиненија.

Вајнштајн веќе ја отслужува 23 годишната затворска казна, откако беше осуден за сексуално злоставување во Њујорк. Во Лос Анџелес се соочи со уште седум точки за обвинение за силување и сексуално злоставување на четири жени во период меѓу 2004 и 2013 година.





Share
Scroll to Top