Судот му го продолжи притворот на Раста

Судот му го продолжи притворот на Раста

пред 4 години

Судот му го продолжи притворот на пејачот Стефан Џуриќ Раста за уште еден месец. Пејачот ќе мора да остане во притвор до 27 јануари следната година.

Раста беше уапсен на почетокот на октомври годинава, откако кај него беше најден кокаин. Се товари дека извршил кривично дело, недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги, за кои е предвидена казна затвор од 12 години.

Притворот му е продолжен затоа што судот се сомнева дека може да го повтори делото. Истрагата е во завршна фаза и се очекува одлуката за обвинението.

 

 

Share
Scroll to Top