Суперјахта на руски олигарх се продава на аукција по цена од 75 милиони долари

Суперјахта на руски олигарх се продава на аукција по цена од 75 милиони долари

пред 2 години

Супејахтата на рускиот бизнисмен Димитријевиќ Пумпјански, кој се наоѓа на листата на лица кон кои САД, ЕУ и Велика Британија воведоа санкции, поради рускиот напад врз Украина, ќе биде продадена на аукција. Проценета е на 75 милиони долари, но приходот нема да заврши за обнова на Украина.

Американската банка „ЈП Морган“ покрена тужба затоа што Пумпјански должи повеќе од 20 милиони долари. Јахтата му ја заплени владата на Гибралтар. Пумпјански поради санкциите беше суспендиран и немаше можност за плаќање на заемите, а налогот му беше суспендиран.

Јахтата ќе биде ставена на аукција денес во Гибралтар, а со оглед на тоа дека аукцијата ќе трае само еден ден, можно е продажната цена да биде многу пониска од побаруваната, пренесе Би-би-си. Јахтата е долга 72,5 метри и е опремена со базен, џакузи, 3Д кино, скии на вода и опрема за нуркање. Има место за 20 членови на екипажот.

Јахтата ја дизајнирал познатиот индустриски дизајнер Алберто Пинто, а е изградена во 2013 година во Турција. Првично била наречена „Црвениот плоштад“, а милионерите можеле да ја изнајмат за повеќе од половина милион евра неделна.

Јахтата тогаш ја купил Пумпјански, директор на  ОАО ТМК, за 2,1 милијарда евра. Со оглед на тоа дека богатството на руските олигарси е запленето во изминатите неколку месеци, со намера парите да се потрошат за обнова на срушените украински градови, сега изненадува тоа што приходот од продажбата на оваа јахта нема да биде наменет за тоа, туку парите ќе завршат американски сопственик на банка, кој досега одби да даде  каков било коментар.

 

Share
Scroll to Top