„Сè уште не верувам дека те нема“ - Елена Велевска за пријателството со Драган Вучиќ

„Сè уште не верувам дека те нема“ – Елена Велевска за пријателството со Драган Вучиќ

пред 4 години

Фолк-пејчката Елена Велевска, која беше добра пријателка со починатиот музичар и водител Драган Вучиќ, неколку месеци по неговата смрт вели дека сè уште не може да поверува дека веќе го нема. Елена се потсети на нејзиното гостување во емисијата „Некогаш и сега“, чиј водител своевремено беше Вучиќ.

„Беше и остана некој кој постави стандарди во телевизискиот етер, другар и исклучителен музичар.Сè уште не верувам дека нè напушти. Ова е едно од моите омилени тв-гостувања во емисијата ‘Некогаш и сега’ на Драган Вучиќ“ , напиша таа.

Вучиќ во јавноста освен како музичар беше познат по бројни квизови и емисии што ги водеше меѓу кои и: „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и „Гурмански муабети“.

Share
Scroll to Top