„Сè уште се борам“, водителката Деа Ѓурѓевиќ две години по несреќата е среќна што е жива

„Сè уште се борам“, водителката Деа Ѓурѓевиќ две години по несреќата е среќна што е жива

пред 4 години

Две години минаа откако водителката Деа Ѓурѓевиќ доживеа тешка несреќа во која и беше повредена раката. Таа објави дека е среќна што е жива и напиша сè уште се бори“.

„Сè уште се борам. Сè уште со насмевка на лицето. И така ќе биде засекогаш. Тој ден за мене многу работи се променија. Чувствувал болка во најситните коски во телото, а не можев да се поместам ни за милиметар. Само да трепнам и да се насмеам. И се насмеав на смртта во лице, затоа што знаев дека ќе ја победам. И ја победив. Сега се трудам да се победам себе си и да научам нешто ново и своето физичко и психичко здравје да го вратам во номала. Среќна сум. Жива сум. Затоа што само вистинските кралици ја претвораат болката во моќ“, напиша Деа на нејзина фотографија направена од болнички кревет.

Бројни јавни личности и упатија поддршка, а меѓу нив беа и познатите Ана Николиќ и Сузана Манчиќ.

 

 

 

Share
Scroll to Top