Талибанците му порачаа на Бајден: Држи се до договорот и повлечи ги американските трупи од Авганистан

Талибанците му порачаа на Бајден: Држи се до договорот и повлечи ги американските трупи од Авганистан

пред 3 години

Талибанците во Авганистан го повикаа денес Џо Бајден, избраниот претседател на САД, да се држи до договорот и да ги повлече американските трупи од Авганистан.

САД ќе почне да ги повлекува трупите според договорот кој претходно бил постигнат, а работите би требало да бидат завршени до мај, додека за тоа време, талибанците ќе одржуваат мировни преговори со официјалните лица од Авганистан во Доха.

„Сакаме да му порачаме на новоизбраниот претседател на САД и неговата администрација да на најразумен и најдобар начин го заврши конфликтот и да го исполни договорот кој го постигнавме“, соопштила милатиралната група, која се јави за првпат по изборите на САД, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, насилието се засилува низ цел Авганистан, затоа што талибаните ги напаѓаат градовите, потикнувајќи понекогаш и воздушни напади од Американците.

Share
Scroll to Top