Со стара фотографија на која е бебе само што донесено од блница дома, во рацете на татко си маестро Александра Џамбазов, актерот Игор потсети на 26 јули, кога во 1963 година беше катастрофалниот змјотрес во Скопје.
„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се изнарадува. Поминале точно 11 дена… и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да не проголта. Земјотресот и јас сме врсници“, вели Џамбазов кој на 15 јули слaвеше роденден.
На денешен ден пред точно 58 години се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој зема многу жртви и го срамни градот со земја. Ден кој и сега буди мрачни сеќавања кој оние кои се сведоци но и генерациите на кои им се прераскажува оваа трагедија.