Утрово на рестрикција е ставен Твитер профилот на министерот за здравство Венко Филипче од страна на „Твитер“ откако, ненамерно, при логирање бил внесен погрешен код за верификација.
Според соопштението на Министерството за здравство, оваа активност за социјалната мрежа била причина Твитер да го ограничи профилот. Но веќе се работи на надминување на проблемот.
Твитер привремено го блокираше официјалниот профил на министерот Филипче, поради, како што се наведува при евентуалното пристапување, „забележана необична активност“.
Корисниците можат да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.






