Телохранителот на Џоли, откри како глумицата го заведе Бред Пит

Телохранителот на Џоли, откри како глумицата го заведе Бред Пит

пред 4 години

Телохранителот на холивудската актерка Анџелина Џоли, Марк Бехар, открил како таа успеала да го заведе нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, за време на снимањето на нивнито заеднички филм „Господин и госпоѓа Смит“.

Марк вели дека често ги гледал двајцата во приколката за време на сетовите како се галат и флертуваат. Тој вели дека Џоли имала добро разработен план како да го заведе Бред.

За време на една љубовна сцена таа носела долна облека во бледо-розова боја, која неочекувано ја соблекла.

„На крај гола скокна во креветот со него. По тоа ќе го паметам овој филм“, изјавил Марк за американските медиуми.

Бред кој во тоа време беше во брак со Џенифер Анистон, веднаш ја прифатил улогата во филмот, откако дознал дека партнерка ќе му биде Џоли.

По снимањето на филмот тој се разведе од Анистон и се ожени со Анџелина со која добија пет деца. Три биолошки и две посвоија. Бред го посвои и Медокс, првиот син на Анџелина.

Тие беа во брак до 2016 година, кога го најавија својот развод кој сè уште не е завршен. Досега Анџелна го обвини Бред за алкохолизам, семејно насилство и неверство. Се уште трае и борбата и за старателство над децата.

Анџелина која неодамна изјави дека се откажува од режирањето филмови, сака да ја добие оваа битка и да добие целосно старателство над децата.

 

Share
Scroll to Top