Состојки:
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- маслиново масло
- 1 прстофат лут буковец
- 1/2 лажичка сув босилек
- 1/2 лажичка суво оригано
- 1/4 лажичка сув рузмарин
- 250 гр пире од домати
- 10 шери домати
- 1/2 лажичка шеќер, по потреба
- 50 гр спанаќ
- 1 лажичка сол
- 1/4 лажичка бибер
- 200 гр павлака за готвење
- 500 гр тестенини
- 70 гр моцарела –
- 2 лажици рендан пармезан
- малку магдонос
Подготовка: Истурете маслиново масло во голема тава, потоа испржете ги кромидот и лукот. Додадете го буковецот со останатите суви билки. Кога ќе замирисаат зачините, додадете го пирето од домати, преполовените шери домати и солта. Динстајте на умерена температура околу 20 минути. Ако сосот е покисел, додадете 1/2 лажичка шеќер. После тоа, додадете го спанаќот и сето тоа заедно мешајте го околу две минути. Додадете ги киселата павлака, биберот и варените тестенини во сосот и внимателно промешајте ги. Потоа додадете ја моцарелата исечкана на коцки, ренданиот пармезан и исецканиот магдонос. Кога сирењето ќе почне да се топи, тргнете го од шпоретот. Послужете топло. Пријатно!