Амели Ленс, една од најактуелните техно диџејки во моментов, е ѕвездата на второто издание на „Дипер андерграунд“ на 30 јули во Охрид. Освен неа, на фестивалот на електронска музика, ќе се појават уште три диџејки од Македонија: Илина Ангел, Диа и Ермилова.
„Само жени диџеи ќе ја забавуваат публиката на овој уникатен настан што ќе се одржи во Касарната во Охрид. Женска моќ. Амели ова лето ќе има само неколку настапи на фестивали во Европа, што го прави нејзиното гостување на ‘Дипер андерграунд’ уште поексклузивно и поважно“, вели организаторот Авалон продукција.
Тие лани првпат го организираа овој фестивал, со Рони Сајз, Ел-Ти-Џеј Букем и АРТБАТ.
Билетите за фестивалот се во продажба, 1000 денари за партер и 1500 денари за фан пит.